Децата некогаш и сега!

Детето родено денес во првите месеци од животот е исто како и детето родено пред сто години. Тоа е вистински бел лист, но како расте, се разбира под влијание на околностите околу него тоа се менува и се формира.

градинка

Сега често може да се слушне  како денешниве деца се многу попаметни од  децата порано. Не дека се попаметни, туку само го копираат она што го прават и зборуваат родителите.
Ако поминете само еден ден во градинка дружејќи се со дечињата од 3 до 5 години ќе се запрепастите, што се нема да слушнете, па на крај ќе си речете „како е можно децата волку да се разликуваат од децата во минатото“

Па немојте да се чудите ако подразмислите подобро ќе сфатите дека нема ништо невообичаено и чудно во тоа.
Ако направиме споредба со децата родени во деведесетите и овие сега лесно ќе ја сфатите таа разлика.
Порано децата немаа пристап до технологија, освен до телевизорот  преку кој уживаа во Том и Џери рано наутро, во четврток на пладне во народните приказна, Ѕвон, Шек Шек, Дајте музика, Расипан телфон, Во светот на бајките и тоа беше се  ако не се лажам. Сите овие емисии и цртани одеа еднаш во неделата, што значи децата имале дневно по околу еден час резервиран за гледање телевизија.

Денес ни трага ни глас од македонските серии. Ако немате дома некое малечко бесно детенце нема да знаете за што зборуваат “ bananas pajamas” “cars”  Бен Тен, Винкс …
Порано се пееа хитовите од златно славејче, а денес „пази се од мене“ што би рекло едно детенце „он ги знае сите возрасни песни“.

Порано децата си играа фризерки, доктори, продавачи, а денес се дечко и девојка, дури и љубовници, се наптреваруваат кој ќе биде поголем јунак  „Полат Алендер“ и „Мемати“.  Ако ги запрашате што прават откако ќе си отидат дома, внимавајте да не ви падне вилицата:
„ќе ручкам, па ќе си играм со „ајфонот“ на мама па кога ќе се врати тато со неговиот „ајподот“ после гледам „Османче“  ( од Бурни времиња) и ќе спијам“

Во оваа нивна изјава се сретнуваат два момента кои се чудни. Прво ајфон, ајпод, лаптоп штом дете од 3 години си игра со овие скапи технолошки уреди што останува за во иднина. Второ- турски серии, па нели сите тие заплеткани настани се премногу тешки за нивниот неразвиен мозок?!

Порано ние немавме телефони, компјутери… но затоа имавме по една кукла или кола и сиот свет на фантазијата се вртеше околу нив. Бевме доктори, продавачи, фризери и секогаш главен лик ни беше таа  ЕДНА кукла.

Ние имаме спомен од омилената кукла која беше херој на нашето детство, а тие немаат ништо бидејќи имаат премногу.

Порано нас не учеа за природата знаевме што се случува во годишните времиња и знаевме каде живеат животните, а денес верувале или не животните живеат во Џамбо.
Порано дете од штотуку навршени 3 години не можеше да се слушне како се фали колку куќи и станови има. Денес секое се натпреварува: јас имам две, јас имам куќа и викендица, тато ќе ме земе со новата кола… парите и социјалниот стаус значи навлегоа и во градинките, каде се треба да биде чисто и невино.
„Види ова ми е ново“, а не „слушни ова го научив“ стана најважно за децата
.
Ова се само дел од разликите помеѓу децата денес и од пред 20 години иако во основа секое дете е исто, како што наведовме на почетокот  детето се раѓа како бел лист, што ќе се пишува врз него зависи од родителите, поширокото семејство и секако околината.

Добро би било ако се вратат во мода народните приказни и долгометражните филмови од Дизни,а  да им се забранат турските серии и „возрасните песни“ . Подобро е дечињата да се научат на основните вредности и правила на животот отколку да се оптеретуваат со еден куп активносто; германски, англиски, ритмички, модерни танци…

fakulteti.mk

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *