Не се раѓаш издржлив, цврст и трпелив. Издржлив стануваш откако си се соочил со неволји, решителни спротивставувања и имаш поминато низ многу страдања. Не стануваш цврст кога си заштитен и засолнет од тешкотии. Цврст стануваш откако си се соочил со сурови маки, времиња на проблеми, и ужасни трауми. Неволјите, спротивставувањата и страдањата низ кои минуваш не се наменети да те скршат, туку да те направат и обликуваат во подобра личност. Низ ваквите проблеми стануваш издржлив, цврст, и трпелив. Бог те сака премногу да ти дозволи да поминеш низ животот по полесниот пат. Не е чисто златото сè додека не помине низ жешки огнови во печка. Не моли се Бог да ги однесе од тебе тешкотиите. Разбери и прифати ја идејата дека низ тешки испитувања, Бог работи на некое добро за тебе. Затоа дозволи Бог да го заврши она што го започнал во тебе. ,,Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение!” (Јаков 1:2,3)