Родив три сина, сите пораснаа, училиште завршија, се вработија па подоцна се оженија. Основаа семејство и живеат заедно со жените одвоено од мене. Еден ден го посетив најстариот син и го замолив кај него да преноќам.
Утредента ја замолив снаата да ми донесе вода. Ми донесе голем бокал од кој морав да пијам. Испив малку вода, а остатокот од бокалот го истурив на креветот на кој спиев.
Кога снаата го донесе утринскиот чај, и реков: Драга снао јас се измочав додека спиев, тоа често им се случува на старите лица. Кога ги слушнала моите зборови веднаш почна со повишен тон да вика и да ме нарекува со погрдни зборови, и на крајот грдо ми рече дека треба да ја исперам постелнината и да ја испружам за да се исуши. И исто така ме предупреди дека ако следен пат тоа ми се случи нема повеќе да дозволи да преноќам кај нив.
– Јас се трудев да ја прикријам својаат лутина и разочарување, и затоа ја исправ постелчнината и ја ставива да се суши. После тоа го напуштив нивниот дом.
Истиот ден го посетив средниот син за да преноќам кај нив. Ја повторив истата работа со водата. Снаата во присуство на мојот син викаше по мене и ме навредуваше, а мојот син само гледаше и слушаше. Не се ни потруди да ја заштити својата мајка.
Го напуштив нивниот дом и се упатив кај најмалиот син. Преноќив и кај нив и повоторно го истурив остатокот од водата на постелнината од креветот на кој спиев.
Кога најмладата снаа влезе во собата со чај, и соопштив дека постелнината е мокра бидејќи додека спиев сум се измочала. Таа благо ми рече: Не се нервирај мајко наша, тоа често се случува кај старите личности. Колку пати додека сме биле деца сме се помочале на вашата облека.
Потоа ја испрала постелнината и се насмевнала. После доручекот и реков на најмладата снаа: Ќерко моја, мојата најдрага пријателка ми даде повеќе пари да купам златна огрлица, алка, и обетки за нејзината ќерка. Јас не ја знам нејзината вистинска мерка, отприлика е колку тебе, но не знам. Ќе сакаш ли да ми дозволиш да земам мерка од твојот врат, раце, поради алката и ланчето.
И земав мерка а потоа отидов во продавница и купив многу скап златен накит.
– По извесен период дојдоа сите три сина со нивните жени и деца на ручек кај својата мајка.
По ручекот накитот го ставив на масата од кој очите никој не ги тргна.
Потоа им раскажав дека кога преноќев кај нив намерно истурив вода во креветот, тоа не беше урина. Синовите и снаите зачудено се погледнаа во очи. Го земав накитот и го ставив на телото на најмладата снаа и реков: Бог не ми подари ќерка туку три сина. Таа е моја ќерка, кај неа ќе одам јас, ако Бог дозволи да доживеам длабока старост, последните денови од својот живот би сакала да ги поминам покрај неа.
Тогаш синовите доживеале најголем срам, ги погледнале жените им рекле:
Прави добро и на добро надевај се!
sitel.com.mk