Сакаш да си слаб? – Јади тиква!

Зошто треба редовно да консумирате тиква?

Тиквата е растение кое може да го консумираме на многу начини и може да го вклучиме во многу рецепти, а со оглед на тоа дека веќе е започната сезоната на тиква, ќе ви ги предочиме и здравствените придобивки од консумирање на тиква- со цел почесто да ја консумирате.

Здравствени придобивки од консумирање на тиква

  1. Тиквата го одржува здравјето на вашите очи бидејќи една шолја тиква содржи повеќе од 200% од дневните потреби за витамин А (преку трансформација на каротеноидите) на еден просечен човек, а според Националниот институт за здравје- овој витамин го потпомага и го одржува видот и тоа особено го подобрува видот при слабо светло.

 

  1. Тиквата ја поддржува редукцијата на телесната маса бидејќи содржи доволно растителни влакна кои помагаат да со мал внес на калории-вие се чувствувате сити. Исхрана богата со влакна се чини дека им помага на луѓето да консумираат помалку храна. Така во една студија- лицата кои јаделе цело јаболко со лушпа-пред ручек- изеле помалку храна од лицата кои испиле сок од јаболко пред ручекот (од кој влакната се отстранети).

 

  1. Семките од тиква природно се богати со супстанците- фитостероли за кои е покажано дека го намалуваат нивото на лош-ЛДЛ холестерол и со тоа делуваат кардиопротективно.

 

  1. Можно е тиквата да го намалува и ризикот од појава на рак преку антиканцерогениот ефект на бета- каротенот кој го содржи во изобилие, но исто така и фитостеролите кои ги има во тиквата се поврзани со превенција на рак и поддржување на терапијата кај одредени видови на рак.

Image result for pumpkin baked

  1. Тиквата може да ја заштити и вашата кожа така што нејзините антиоксиданти се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат нашите клетки и ткива- па поради тоа се смета дека тиквата може да превенира појава на брчки.

 

  1. Семки од тиква за подобро расположение. Овие семки се богат извор на аминокиселината триптофан- која што е особено важна за продукција на хормонот серотонин- а овој хормон е познат како хормон на среќата.

 

  1. Тиквата може да ви помогне и да го подобрите вашиот имунитет поради тоа што е добар извор на витамин Ц.

Автор: Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *