Комбинацијата на мед, ѓумбир и лимон делува ефикасно, обезбедувајќи намалување на симптомите на кашлицата, како и настинките проследени со кашлица, како и при болки во грлото и течење на носот, стомачни заболувања и главоболки.
Зајакнете го имунитетот со природни состојки, мед, ѓумбир и лимон.
Спремете еден килограм мед, 3 големи лимони и 150 грама ѓумбир. Природно измиете го лимонот од пестициди, така што еден час во раствор за чистење на јужно овошје.
Потоа исецкајте го лимонот на тенки кришки, од ѓумбирот излупете ја кората, па потоа редете ред лимон, ред ѓумбир, па потоа налијте го со мед.
Сето тоа направете го додека не ја наполните теглата.
Потоа теглата добро затворете ја и држете ја во фрижидер од 5 до 7 дена.
Од препраратот консумирајте по една лажица дневно.
Причините зошто би требало да ја направите напивката од ѓумбир, мед и лимон се:
- Го зајакнува имунитет и го зајакнува телото
- Го забрзува закрепнувањето доколку сте болни
- Ја смирува мачнината и нервозата во желудникот
- Делува смирувачки на нервниот систем
- Го поттикнува работењето на цревата, па ја смирува надуеноста, а со самото тоа и нервозата.
- Ја поттикнува циркулацијата на телото
- Ќе Ве затопли повеќе од ќебето