Пита со јаболко и цимет!

За тестото на питата потребни ви се:

2 лажици мелено ленено семе

4 лажици вода

3 јаболки излупени и исечени на коцкички

2 мали лажички цимет

½ мала лажичка мелен ѓумбир

½ шолја кокосов шеќер

2 шолји спелтино брашно

2 мали лажички пекарска сода

Прстофат сол

½ шолја растопено кокосово масло

½ шолја бадемово млеко

¼ шолја сок од портокал

1 шолја сецкани ореви

За поросување:

½ лажичка цимет

1 лажичка кокосов шеќер

Подготовка:

Во калап за печење ставете хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзјусови. Во  мал сад измешајте ги водата и ленот и оставете да отстојат 5 мин. Во поголем сад измешајте ги јаболките со циметот, ѓумбирот, и кокосовиот шеќер, а потоа додајте и брашно, сода и сол, измешајте. Во друг сад измешајте го ленот заедно со водата, и маслото, млекото и сокот, на крај додајте ги јаболките, а ако сакате додајте и ореви. Смесата истурете ја во тавчето, а одозгора поросете со измешан цимет и кокосов шеќер. Печете околу 40 минути.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *