Овие зборови и денес Господ Исус Христос сака да ви ги каже и да ве утеши и охрабри и да ви укаже дека да ги истрпите сите страдања бидејќи голема е вашата награда на Небесата.
Кој претпри до крај – ќе биде спасен!
- Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него.
И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!
Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!
Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене!
Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!
Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.”
Slavna Boga