Една многу сиромашна жена се јавила на некое христијанско радио да бара помош. Еден лош и злобен човек кој ја слушал радио програмата смислил нешто да направи во врска со тоа. Тој ја зема нејзината адреса, се јави на неговата секретарка и и нареди да и купи храна и да и ја однесе на жената со следниве инструкции: “кога жената ќе те праша кој ја испрати храната, кажи и дека е од ѓаволот.“
Кога таа пристигнала, жената била пресреќна и си ја внела храната дома.
Секретарката ја прашала: “зар не сакате да знаете кој ви ја испрати храната?“
Жената одговорила: “Не, не е важно, бидејќи кога Бог ќе нареди, дури и ѓаволот слуша.“
Секретарката се расплакала.
* Затоа, не грижете се *
Вие сте прекрасно Божјо дете и Бог ќе ви помогне. Можеби некои работи во животот ви изгледаат невозможни, но Бог ќе ги направи возможни и ќе ви даде решение за вашите проблеми.
Kolku poucna prikazna ni dava nadez koga e se temno Ni go prosvetluva umot i otvara na site srca🙋🌿✨🐦💜✨🌿Blagodarna