Умрел некој човек.
Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер.
И Бог рекол: „Сине, време е за тргување.“
Зачудениот човек запрашал: „Зарем? Толку брзо? Имав бројни планови.“
„Жал ми е но се приближи твоето заминување.“
-„Што носиш во куферот?“, запрашал човекот.
Бог одговорил: „Она што ти припаѓа тебе.“
-„Она што ми припаѓа? Ги носиш моите работи, моите одела, моите пари?“
Бог одговорил: „Тие работи никогаш не ти припаѓаа, беа дел од овој свет.“
-„Тогаш ги носиш моите спомени?“
„Тие никогаш не биле твои, му припаѓаа на времето.“
-„Ги носиш моите таленти?“
„Тие никогаш не биле твои, им припаѓаа на околностите.“
-„Ги носиш моите пријатели, моите роднини?“
„Жал ми е, тие никогаш не биле твои, му припаѓаа на патувањето низ животот.“
-„Ја носиш мојата сопруга и моите деца?“
„Тие никогаш не биле твои, му припаѓаа на срцето.“
-„Го носиш моето тело?“
„Никогаш не било твое, и припаѓало на прашината“.
-„Тогаш ја носиш мојата душа?“
„Не, душата ми припаѓа мене. Душата е моја.“
Тогаш човекот преполн со страв го земал куферот кој Бог го носел и го отворил. И видел дека е празен.
И додека солзи му се тркалаа низ лицето, човекот рекол:
„Имав ли некогаш нешто?“