Зошто не е добро да се прескокнува појадокот? На кој начин првиот оброк во денот, влијае на вашата здравствена состојба и на капацитетот за работа? Од што е составен идеалниот појадок? Резултатите од скорашни студии беа споделени од страна на Американски нутриционисти. Уште еднаш се докажа: прескокнувањето на појадокот е штетно!
Во вообичаената збрка наутро, кога излегувате од дома- не заборавајте на појадокот! Научниците открија дека секојдневно консумирање на појадок е од исклучителна важност за вашето кардиоваскуларно здравје, превенирање на дебелина, дијабетес, менструални болки и дека има уште многу други здравствени придобивки врз вашето здравје.
Сигурно уште во детството имаме слушнато дека појадокот е задолжителен дел од една правилна исхрана, особено ако се обидувате да ја контролирате вашата телесна маса. Во многу училишта, на учениците им е понудена можност да консумираат појадок- со цел колку што е можно повеќе ученици да го избегнат прескокнувањето на овој исклучително важен оброк.
Како и да е не може секое тело, добро да го прифати утринскиот оброк. Во Европа и во САД, 10%-30% од луѓето не појадуваат. Честопати ова се тинејџерки, кои оваа постапка ја објаснуваат со: немање време наутро, немање апетит наутро, или пак се на диета.
Прескокнување на појадокот поради тоа што сме на редукциона диета е навистина контрадикторно- според повеќето нутриционисти. Логиката е едноставна. Ако не јадете наутро тогаш гладта ќе ве стигне навечер, па за вечера ќе изедете висококалоричен оброк- што на крај наместо со слабеење ќе заврши со зголемување на телесната маса.
Па, ајде да ги погледнеме причините поради кои не треба да го прескокнувате вашиот појадок:
- Појадокот може да ви помогне да ослабнете.
- Појадокот го зголемува вашиот ментален капацитет
- Појадокот ја започнува работата на телото.
- Појадокот го подобрува метаболизмот.
- Појадокот ве прави посмирени.
- Појадокот го подготвува телото за физичка активност.
- Појадокот ја зголемува вашата отпорност кон болести.
- Појадокот го подобрува вашето расположение.
- Појадокот го намалува ризикот од срцеви заболувања.
- Појадокот ги подобрува фамилијарните односи.
Ценете го вашето здравје, грижете се за вашето тело и ум, за да може да живеете долг и исполнет живот.
Нутриционист Маја Велковска