Знам. Знам дека отсекогаш бев твоја миленичка. Зеницата во твоите очи. Знам дека секогаш се грижеше ништо да не ми недостига, сакаше да ме гледаш насмеана и тогаш кога не беше момент за тоа. Ме поддржуваше кога и да се одлучев за нешто и ме тешеше секогаш кога ќе згрешено. Ти си сонцето мое – секогаш ми го велеше Тоа а мене Тоа ме правеше најсилна на светот. Грешев тато, многу пати грешев а ти секогаш стоеше зад мене кога и паднев за да не треснам силно на земја, и ме учеше да се носам со секоја болка.Беше среќен многу среќен кога постигнував голем успех во училиште. Како што растев се повеќе ме стискаше во себе, не сакаше да ме пуштиш лесно. Ме учеше да бирам сама што сакам да бидам силна и само на тој што заслужува да му ја дадам мојата љубов. Очекуваше тато! Многу очекуваше од твоето сонце! Очекуваше диплома и вработување во убава институција. Секогаш ми велеше да не брзам. Ги имаш сите предиспозиции да бидеш среќна и успешна ми велеше. Млада си и многу убава-животот е пред тебе. Доволен ми беше твојот поглед како знак за одобрување. Но не те послушав… Незнам дали те разочарав или не но знам дека кога ти соопштив дека ќе се мажам на 19 години се скрши нешто во тебе. Таа вечер скочането стоеше крај вратата и ме испраќаше додека излегував. Сонце мое ми рече – те молам вечерва дојди си дома и со насолзени очи се повлече внатре. Те болеше тато многу те болеше бидеќи ме сакаше најмногу од се! Ти си мојот херој тато! Повторно ме поддржа и застана до мене. Гордо до твоето сонце ја поддржа мојата одлука. Ти благодарам тато. Ти благодарам што ми даде шанса да изберам сама а сега гордо стојам пред тебе и гледам сјај во твоите очи кои гледаат во твоите внучиња. Сега знаеш иако прерано го започнав тој живот полн со обврски и грижи сепак сум среќна. Среќна сум тато. Автор:Тодороска