Една жена го праша старецот: “Колку ги продаваш јајцата?”
Стариот продавач и одговорил: “6 денари јајце, госпоѓо.
Таа му рече: “Ќе земам 6 јајца за 30 денари или ќе заминам”.
Стариот продавач одговорил: “Дојдете да ги земете по цената што ја сакате. Можеби ова е добар почеток, бидејќи денес сеуште не сум продал ниту едно јајце.
Таа ги зеде јајцата и си замина со чувството дека победила. Влезе во нејзиниот скап автомобил и отиде во еден убав ресторан со нејзиниот сопруг. Таму таа и нејзиниот сопруг нарачаа се што им душа посака.
Од нарачаното изедоа дел, додека поголем дел го оставија.
Потоа го повикаа келнерот за да ја платат сметката. Нивната сметка беше 1400 денари. Таа остави 1500 денари и му порача на келнерот да го задржи кусурот.
Овој настан можеби изгледа сосема нормален за сопственикот, но e многу болен за сиромашниот продавач на јајца.
РЕЗИМЕ:
Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните?
И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?
Јас еднаш прочитав некаде:
“Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени, иако не му требаа во тој момент.
Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив. Јас бидејќи бев загрижен заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа? Тогаш тој ми одговори: “Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, дете мое”!