Ми беше. Ми беше се. Сјајот во моите очи, најслатките соништа што ги сонував. Не сакав никогаш да заврши тоа. Се чуствував среќно. Многу среќно. Сигурно. Многу сигурно во твоите прегратки, иако не беа топли. Се трудев да сакам. Да сакам доволно и за двајцата но човек ја немал таа способност. Се трудев. Многу се трудев да ти угодам и не го очекував истото за возврат. И незнам како но знам дека со мојата преголема љубов дотуркавме цели две години.. Те сакав премногу те сакав но не по цена да не бидам барем почитувана. Морав. Морав да ставам крај на оваа приказна која се викаше Нејзината љубов. Да убаво чу. Нејзината. Бидејќи твојата не постоеше. Или барем јас не ја почуствував. Оставив. Оставив дел од мене во тоа време. Дел од мене во тоа срце и во тој лик. Ме болеше. Многу ме болеше,но морав да заминам. Ти олесна знам. Но не ти беше сеедно. Ја немаше повеќе подршката како и секој пат друштвото кое беше покрај тебе со само еден повик. Незнам како ги преживеав тие денови но ги преживеав. Еве ме повторно сум тука но знаеш како. Мажена за човек кој ме почитува и сака. Вистински ме сака. И мајка. Мајка на прекрасни деца. Сега знам што значело да сакаш и да те сакаат. Сега сум среќна. Многу сум среќна. Но не верувам дека и ти си.. И после толку години она вечер кога се сретнавме,застана времето. Се замрзна. Лавина од емоции слики спомени се преплавуваа на тој мост. Како времето да застана тој миг. Ја крена главата и кога ги видов твојот поглед ми стана се јасно. Бевме убав пар но не бевме создадени еден за друг. Се надевам дека ќе имаш можност да сакаш да го осетиш тоа чуство. Јас го осетив и среќна сум. Биди спокоен. Ме предаде во вистински раце!
Автор:Елена Тодороска
Thank you for another fun party this week!