Една вечер во ноќта темна шетав по улица но не знаев каде низ главата се преврте мисла една прекрасен совет што ми даде!!!
“Не лутај девојко од тоа нема фајде,
размисли,ова ти е шанса твоја, не пропуштај го ова ајде,
за да ја најдеш среќата своја!”
Солза врела протече тогаш, солза што низ образ се слеа,
не знаев што е тоа одеднаш, што во гради топлина се пролеа!
Слушнав тогаш некаков глас, глас кој претставуваше среќа,
моето име одеднаш блесна, додека догоруваше една свеќа!
Додека свеќата догоруваше, мојата тага полека исчезнуваше!
Дрвјата оголени во своите гранки ги збираа моите тешки маки!
Мака ли беше или што? Можеби сон кој кратко трае.
Но среќата не може да се знае таа доаѓа сама каде и да е!
Темно беше, но светлината се среќаваше,
гласот на тишината се повеќе и повеќе одекнуваше!
Го здогледав тогаш, ликот на мојата среќа,
здогледав човек од моите соништа!
Повторно солзи во моите очи, но сега тоа беше само од среќа,
судбината во моите мисли се точи догоре запалената свеќа!
Но сега во моево срце се будеше жар,
копнеж за тоа што сега е така знаев дека Госпд ми го донесе тој дар
и засекогаш исчезна мојата мака!
Дојдоа моите среќни денови, дојде мојата најголема радост
во душата сега нема снегови тоа е мојата вечна младост!
Животот секогаш ми беше пуст,
тажен среќата никогаш не владееше во мојата душа,
но исчезна мојот поглед влажен а за тоа и срцето треба да слуша!
Срцето мое велеше вака
“не тагувај зошто Господ секого сака не тагувај и ќе немаш мака!”
А сега тој е покрај мене, секогаш најблиску до мене никоја друга
не му е важна се радува кога не сум тажна!
ЗАТОА ДЕВОЈКИ НЕ ТАГУВАЈТЕ ШТО СИ Е ВАШЕ ЌЕ ДОЈДЕ
СРЕЌАТА ВАША МОЖЕБИ Е ПРЕД ВАС САМО ТРЕБА ДА СЕ НАЈДЕ!!!!
Автор: Елена Ели Попоска Петреска од Кичево