5 добри начини за да изградите самодоверба!

Ние сите го започнуваме животот како деца со големи соништа: сакаме да бидеме филмски ѕвезди, астронаути и спортски супреѕвезди. Сакаме да бидеме “некој“. Но потоа се соочуваме со вистинскиот свет и тоа почнува да не удира, а потоа ние почнуваме да се бориме самите со себе, и така доаѓаме до момент кога имаме малку или воопшто немаме верба во самите себе.

Јас секогаш им кажувам на луѓето дека треба да бидат смело смирени. Сфаќам дека ова е трик ситуација како да се има здрав срам од самиот себе, а да не се има неконтролирано его. Можам да почувствувам контрадикција- животот е полн со неа.  Но мора да се развие способност за пронаоѓање на здрав баланс помеѓу овие две работи. Мора да бидете во можност да менаџирате и да поминете преку ваквите контрадикторни нешта во животот, на добар начин.

За да постигнете нешто во животот, мора да изградите верба во себе. Во исто време, многу важно тоа да без разлика на тоа до кое ниво ќе стигнете, да останете смирени. Еве што функционираше кај мене.

 

1.   Преиспитајте си ги вашите мисли

 

Ова се состои од два дела. Внимавајте на кого го трошите вашето време. Со кого разговарате? Кого го слушате? Луѓето честопати се опкружуваат себеси со луѓе кои им ги исцрпуваат “батериите“, кои се негативни и кои не им помагаат во лично изградување. Тие заедно стануваат едно друштво за самосожалување. Опкружете се себеси со луѓе кои се позитивни, кои ви помагаат да напредувате. Моќта на здружувањето и раздвојувањето е многу важна моќ – која треба да ја вежбате и да ја подобрувате во текот на животот. Тргнете се настрана од луѓе кои прават да се чувствувате лошо и спријателувајте се со луѓе кои ви даваат верба.

Вториот дел е околу тоа што читате и што гледате. Што читате? Дали се работи за некое достигнување? Јас сакам да читам биографии на луѓе кои прават одредени нешта и постигнуваат нешто во животот. Со ова, сфаќам дека тие минувале низ недоверба во самите себе, низ борби и низ периоди кога сакале да се откажат- низ сè она низ што поминувам јас- но тие наоѓаат начини за да се одржат низ тие работи и да ги надминат. Без разлика дали преку компјутерот, телефонот или телевизорот, кои се пораките кои доаѓаат во вашиот живот и кои влијаат на вашиот начин на размислување?

2.   Чекорете напред со мали чекори

 

Не мора тоа да биде ништо големо. Едноставно извржување на она за кое сте рекле дека ќе го направите- ве прави да се чувствувате подобро во своја кожа. Бидете поставувачи на дневни цели, и постигнувачи на истите тие дневни цели. Испланирајте што сè треба да постигнете во одреден ден, и постигнете го тоа. Проверувајте ги работите. Ова исто така ви помага да се чувствувате помалку преоптоварени со животот. Некои луѓе се преоптоварени со толку многу безначајни информации кои на крај ги наведуваат да се откажат. Тие седат на каучот и не прават ништо. Направете си листа, и постигнувајте одредени работи- секој ден. Запомнете, центиметар по центиметар- и се поблиску сте до целта.

3.   Променете го вашиот начин на размислување

 

Гласовите во вашата глава не се секогаш позитивни. Всушност, вообичаено тој внатрешен негативен глас е оној кој е најгласен. Јас сум толку глупав, никогаш не ги завршувам работите, повторно ќе доживеам неуспех. Немојте да го правите ова. Размислувајте за тоа на што мислите,  и за тоа што дозволувате да се случи во вашиот ум. Внимавајте на вашиот начин на размислување. Ако постојано имате лошо мислење за себе, променете ги тие мисли и пробајте да се фокусирате на позитивните особини. Секој од нас ги има. Она што го мислите за вас влијае на резултатите кои ги постигнувате во секоја област ов вашиот живот.

4.   Тргнете по нештото што го сакате

 

Животот е краток. Поминува толку брзо. За што сте загрижени? Повеќето од работите за кои сме загрижени воопшто не се важни. Само обидете се да ги постигните. Ако мислите дека треба да ја промените работата бидејќи ја мразите- тогаш сменете ја. Не го трошете вашиот живот во трката- да не се сакате себе си или да го мразите она што го правите. Сторете нешто во врска со ова. Пронајдете верба во себе и тогаш тргнете да ја постигнете целта.

5.   Справете се со успехот

 

Кога сте постигнале нешто, кога сте супер- успешни, мора да работите лудо за на крај да сфатите дека не можете да го постигнете сето тоа. Немојте да бидете неправедни. Немојте да бидете сезнајковци. Не бидете кретени. Оваа комбинација на срам и понизност е толку збунувачка, но конечно сфаќаме дека никој од нас не е толку “голема риба“, а и од друга страна сите ние сме непроценливи. Ти си единствениот “ти“ што кога и да е ќе живее на планетава. Биди најдобриот “ти“ што можеш да бидеш. Никогаш во животот не си толку добар колку што мислиш дека си- кога работите одат добро, и никогаш не си толку лош колку што мислиш дека си – кога работите не одат толку добро. Сите ние секогаш сме некаде во средина.

 

izvor>novizivot.net

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *