Посадил дедото репа. Репата пораснала голема и преголема.
Почнал дедото да ја корни репата од земја: повлечи, потегни, не може да ја искорни.
Ја повикал дедото на помош и бабата.
Бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.
Ја повикала бабата на помош и внуката.
Внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.
Внуката го повикала на помош и зајко.
Зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.
Го повикал зајко, на помош и мачорот.
Мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.
Го повикал мачорот на помош и глушецот.
Глушецот за мачорот, мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, ја искорнале репата.