Како да изберам кога немам контрола над моите избори?
Иако не можеме да влијаеме на околностите ние можеме да одлучиме како ќе одговориме на тие околности.
Тоа е голем дел од изборот.
Изборот значи на пример ако некој каже нешто за мене или ми направи нешто што е навредливо или негативно, јас го имам изборот како да одговорам на тоа.
Можам да бидам депримирана за тоа, можам да бидам огорчена и да си велам на себе си дека сум ужасна личност или пак можноста негативното да го свртиме во нешто добро а тоа е нашиот карактер и однос да стане уште подобар и да се трудиме да го подобриме тој однос со таа личност.
Исто така можам да се разболам и да легнам и да се самосожалувам и да мислам колку е лошо кога си болен.
Или имам избор да одлучам повеќе да се грижам за своето здравје во иднина.
И тоа е убавината во тоа да имаме избор.
Без оглед на тоа кои се околностите ние апсолутно имаме избор што да направиме со нашите одлуки и избори.