Жената печела леб секое утро, тоа била нејзина традиција. Исекла две парчиња леб и двете ги премачкала со путер. Како и секогаш, ја одделила кората од средината за да му ја даде средината на сопругот а да ја остави кората за себе, но за момент запрела.
Помислила: „Денес, коа славиме 30 години од брак, јас за појадок сакам да ја изедам средината од парчето леб. Сонувам за неа цело време. Бев примерна жена 30 години и ги одгледав нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку нешта за доброто на нашето семејство!“
Одлучила на сопругот да му ја даде кората, но раката и затреперила бидејќи ја прекинува традицијата долга 30 години.
Мажот го прифатил лебот и ѝ рекол: „Денес ми даде преубав поклон, драга. Цели 30 години немам јадено кора од леб за појадок, која многу ја сакам, бидејќи сепак е праведно и ти да го добиеш она што најмноу го сакаш! Ти благодарам!“