Една стара кралица пред да почине на својот син му подарила еден медалјон, кажувајќи му: „Драг сине, кога ќе ти биде најтешко, кога ќе мислиш дека сè се руши околу тебе, кога ти изгледа дека сите бродови ти потонале, ти отвори го овој медалјон…
Тој ќе ти помогне полесно да ја пребродиш секоја тешкотија.“
Кралицата починала, а годините си поминувале и младиот крал си живеел спокојно и среќно. Времето му поминувало во радост и веселба, и никако не го наоѓал тој тежок момент за да го отвори медалјонот
. Сè повеќе и повеќе го мачело што пишува во него и затоа еднаш во време на својата најголема среќа, сепак одлучил да го отвори и да види што пишува..
Го прочитал следново: ❝И ова ќе помине..❝
После извесни години, дошле на ред и тешки времиња, војни…
Тогаш повторно го отворил медалјонот и повторно читал:
❝И ова ќе помине..❝
Превземено од Непознат автор
Испраќа: Елена Попоска Петреска
Se sto bilo , pominalo , a i ovoj segasen mig , nekogas ke bide del o zivotnata lekcija===ne ja gubi samodoverbata.