Една слоччица и една кучка останале трудни во исто време. По три месеци кучката родила шест кученца. По шест месеци кучката станала бремена повторно и по девет месеци повторно родила неколку кучиња. На осумнаесеттиот месец кучката ја прашала слончицата:“Дали си сигурна дека си бремена? Ние станавме трудни во ист ден, јас се породив три пати со неколку кученца и сега се големи, пораснаа големи кучиња,а ти се уште си бремена.Што се случува?“
Слончицата одговорила:“Сакам нешто да разбереш. Тоа што јас го носам не е куче, туку слон. Јас раѓам еднаш на две години. Кога моето бебе ќе ја нагази земјата, земјата го чувствува. Кога моето бебе ќе го поминува патот, луѓето застанауваат и гледаат со воодушевување, тоа што јас го носам, привлекува внимание.Значи тоа што јас го носам е моќно и величенствено.“
Не губете вера кога ќе видите дека другите добиваат одговор на своите молитви. Не завидувајте на туѓите животи. Ако вие не сте ги примиле вашите благослови, не очајувајте. Кажете си себе си: “Моето време допрва доаѓа, и кога ќе ја допре површината на земјата, луѓето ќе гледаат со воодушевување.“