„Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.
Тој нè избави од таква страшна смрт, а и уште нè избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нè избавува;“ (2. Коринтјаните 1.9,10).
Целта на слепата улица е да ве сврти кон Бог и да имате доверба во Него. Зошто Бог дозволува работите да станат така лоши и да излезат од контрола? Зошто би не притиснал да му веруваме наместо да веруваме во својот ум и снаодливост.
Кое е ветувањето за верата во Бог? Тој ве ослободи и Тој ќе продолжи да ве ослободува. Бог користи три различни наччини на ослободување:
1) Бог користи ослободување по пат на околности. Понекогаш Бог чудесно ги менува осолностите, па Црвеното море ќе го раздвои. Ова ќе се случи многу пати во вашиот живот, но не и цело време.
2) Бог користи лично ослободување. Наместо да ги промени околностите, Бог ве менува вас одвнатре. Добивате нов сон, нова визија, нов став и нова перспектива.
3) Божјото конечно ослободување. Бог не ветил дека ќе ја отстрани целата ваша болка во овој свет и дека ќе ги реши сите ваши проблеми. Поради тоа што сме на Земјата околу нас има страдање, тага и болка. Конечното ослободување ќе с еслучи еден ден кога ќе дојде Исус Христос и ќе ни подари вечен живот за небото каде нема да има страдање, болка, тага и скршени срца.
Само еден е начинот да с естигне до таму: „Јас сум патот, вистината и животот. Никој не доаѓа кај мојот Татко освен преку Мене“ (Ivan 14,6).
Кога с енаоѓате во слепа улица, Исус може да го земе тој безнадежен крај и да го претвори во безгранична надеж.
Се наоѓате ли во слепа улица?Ве повикувам да го земете тој проблем, таа ситуација и својот животи сето тоа да го предадете на Исус Христос. Бог секогаш го прави она што е најдобро за нас.
Страдањето е универзално, верата спасува.