Нашиот живот најчесто е онаков каков што ние ќе си го направиме и во најголема мера зависи од нашите мисли, навики и активности. Понекогаш има некои фактори кои влијаат на нашиот живот кои не зависат од нас, но исто така има и многу фактори кои зависат од нас и на кои можеме да влијаеме за да си го подобриме квалитетот на нашиот живот…
Практикувајте ги овие совети и нема да зажалите, вашиот живот ќе се промени на сите полиња:
1. Пронајдете рамнотежа во животот.
2. Слушајте го вашето тело.
3. Имате само едно тело, затоа бидете добри кон него.
4. Никогаш немојте да пушите цигари.
5. Што повеќе јадете зелена храна во вид на салати и додатоци во секојдневната исхрана.
6. Бидете физички активни
7. Немојте премногу да се грижите.
8. Во кревет одете пред 23 00 часот
9. Промената е тоа што го подобрува вашето здравје, а не поранешното искуство.
10. Пијте што повеќе вода, на тој начин организмот се прочистува.
11. Дишете длабоко.
12. Одвоете што повеќе време за добар сон.
13. Секогаш треба да знаете што внесувате во своето тело и на него.
14. Немојте да ја градите вашата среќа на тој начин што ќе очекувате некој друг да ве усреќи.
15. Избегнувајте шеќер или јадења кои лесно се претвораат во шеќери.
16. Започнете да ги применувате овие совети веднаш.
17. Немојте да држите диети, наместо тоа откријте го начинот како поздраво да се исхранувате.
18. Имајте мирен дух, сè останато ќе си дојде на свое место.
19. Секое утро кажувајте си дека се сакате себеси.
20. Јадете ја вистинската храна.
21. Подобро е нешто да спречите, отколку да лечите.
22. Изгасете го телевизорот,,одвојте време за себе
23.Секојдневно бидете насмеани и позитивни.
24. Ценете го вашето здравје и правете сè што можете за да го зачувате.
Автор: Нутриционист Валентина Глигорова