Тиквата содржи огромен број на антиоксидантски витамини, како што се витамин А, Ц и Е.
Бетакаротинот, кој во тиквата го има во изобилство име повеќекратно заштитно влијание врз човечкиот организам. Тој го блокира дејството на слободните радикали и така директно го пречува оштетувањето на ДНК структурата, делува како антиоксидант. Тиквата е богата со провитамин А, кој е важен за добрата работа на очите и штити од катаракта. Тиквата се користи и превентивно, бидејќи благодарение на селенот и семките, но и провитаминот А организмот е заштитен од тумоr, односно се намалува ризикот од појава на рак на грло, желудник, грло на матка…
Изобилува со хранливи материи, а бидејќи има само 28 калории во 100 гр, таа е идеална намирница за здраво слабење
Семките од тиква се одличен извор на протеини 50-тина грама семки задоволуваат половина од дневните потреби за аминокиселини. Со грицкањето семки се снабдуваме и со омега-3 масни киселини кои се познат чувар на срцето, видот и расположението.
Тиквата е најубавиот есенски десерт кој не е многу скап но е многу здрав и лековит и ви препорачуваме почесто да го имате на вашите трпези.