Сакам да бидам од оние старомодните ..

Сакам..
Да.
.Сакам да бидам од оние старомодните ..Знам , чувствувам се ближат празници .Во фиоката на спомените ќе пронајдам срма , и малку златна прашинка .Сакам да напишам честитка за нова година и да ја пратам по пошта .Знам , ќе се смееш на мојата детска душа напишана со шарени букви .Но во секоја од нив ќе го има мојот здив , мојата бескрајна љубов .Поинаку јас не знам . Во сликите на спомените се редат најубави мигови , оние кои душата вредно ќе ги чува , како светост .
Сакам ..Еден ден кога годините ќе не остарат , и пенкалцето ќе се слизне од раката , за да принапише уште нешто ..
Ете тогаш сакам ..Кога ќе ги гледаш спомените и кога џебот на животот ќе биде полн со нас ..Тогаш сакам да ја избришам таа една солза сјајна што ќе слизне низ образот .Во неа јас ќе го пронајдам тоа што ми треба , нежно ќе поминам со дланката и ќе те погледнам .
И ќе знам .Не треба да зборуваш ништо , погледот сам ќе раскаже ..И ако имаме среќа ..
Сакам заедно да го накитиме божиќното дрвце со спомени , оние што ќе раскажуваат за човекот кој носи челик во градите , и желно ги впива првите зборови на своето посеано семе , држејќи го во скутот ..Се она што живот значи ..
Ќе те погледнам и ќе знам ..
Дека секоја твоја воздишка не беше залудна ..Со секој пад , беше се ‘ поблиску до целта ..И секое утро ја носеше насоката ..Да се биде и остане …Човек со бескрајна љубов …
Оливера Ширгоска..💞

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *