Во Данска не е пожелно да се истакнувате.тврдува многуте аргументи и факти од симпатичната и поучна книга “Данско воспитување на децата“ која зборува за тоа што најсреќните луѓе на светот знаат за израснување на способни деца со самодоверба.
Еве само неколку извадоци и примери:
–Во Данска родителите нудат помош на децата само кога им е неопходно
– претерување во надзорот над детскиот живот не е дозволено.
– Данците не ги запишуваат своите деца на 10 воншколски активности за децата да им бидат најдобри во спорт, музика, јазици, танцување, карате, глума. НА Данците им е важно нивните деца да си играат.
–Данците не им влеваат знаење во малите глави на децата уште од првиот ден. Не им е важно детето уште на 5 години да чита и пишува.
– во основното училиште редовната настава им завршува најдоцна до 2 попладне а по тоа децата можат да си го продолжат незадолжителниот престој таму.
–не е необично што “играчката на векот” – лего коцките настанала во Данска. Легото е вечно.
– најдобрата компанија за производство на детски игралишта е од Данска-Компан.
– Данците не осмислуваат игри за своите деца. Ги пуштаат сами да си играат и на тој начин им ја поттикнуваат креативноста.
– Данците не ги штитат децата од страв, сукоби…На тој начин ги учат да се запознаат со своите чувства па дури и ако се негативни.
– Данците не претеруваат во фалење на своите деца. – тоа ги учи на понизност уште од детството.
– Данците ги учат своите деца дека негативните настани во животот да им придаваат помалку значење, а повеќе да се насочат кон позитивното.
– Данците не им наметнуваат мислења на своите деца.
– Данците ги учат децата да го бараат доброто во луѓето.
– Емпатијата и сочувството е задолжително уште од градинката.Емпатијата не елуксуз туку потреба.
–Данците не се претерано заштитнички родители и не ги завршуваат работите на децата.
– Данците од мали ги учат децата дека тимската работа и помагањето на другите е најважната вештина во животот..
– во Данска тепањето деца е забрането со закон.
– добродејденн е авторитативното воспитување.
–Данците ги учат децата дека не еважно што мислат другите за нив.
–Данците ги почитуваат семејните и пријателските собири, заедничките оброци и дружења во природа или покрај камин