Злото кое расипува и уништува е претставено со боцки и трн, со плевел и троскот. Во птицата што пее и цветот кој се отвора, во дождот и сјајот на сонцето, во летното ветре и нежната роса, во десетици илјади нешта во природата, од дабот во шумата до темјанушката што цути при неговиот корен, се гледа љубов која обновува.
И природата се уште ни зборува за Божјата добрина.
“Зошто Јас ги знам своите замисли, за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќи.“ (Еремија 29,11)
Небесата ја објавуваат славата Негова и Земјата е полна од Неговите блага.