Господ никогаш не го заборава доброто што сте им го направиле на другите!

Човекот го подигна погледот бавно.Изгледаше на жена која е многу богата ,со нови алишта и никакви проблеми.Тој си помисли дека сака да го измејува,како и сите други досега.

“Остави ме на мира“ – промрмори тој.

На негово зачудување,жената продолжи да стои.Таа се насмевна “Гладен ли си?“ го праша. “Не,не сум,одговори тој саркастично, тукушто вечерав со претседателот,сега оди си.“Но одеднаш тој почувствува нежен допир на неговото рамо.

“Што правиш,жено?“ одговори гневно.“ Ти реков да си одиш.“

Тогаш се појави еден полицаец “Има ли некој проблем госпоѓо?“- праша тој.

Нема никаков проблем,господине,само се обидувам да го застанам човеков на нозе, ќе ми помогнете ли?

Полицаецот ја испружи раката.Тоа е стариот Џек,се врти тука неколку години,зошто ви е?

Го гледате ресторанот онаму? Ќе го однесам таму нешто да јаде и ќе го изнесам од ладново на кратко.

“Ти жено луда ли си?- викаше бездомникот. Но тогаш почувствува дека некој го крена – остави ме полицаецу,немам направено ништо лошо.

Ова ти е добра понуда Џек,не ја пропуштај.

Конечно ,со тешки маки го однесоа Џек во ресторанот.Беше тоа време кога појадокот заврши,а ручекот се уште не почнал,гостиоте беа заминати и немаше многу гужва.Менаџерот дојде на нивната маса.

“Што се случува полицаецу?Дали овој човек е во неволја?

“Оваа жена го доведе овој човек овде да се нахрани“-одговори полицаецот.

“Не овде, викна менаџерот, да имаш тука таков човек е лошо за бизнисот“.

Стариот Џек се насмевна без своите заби,и рече:“Ти реков жено,не ни сакав воопшто да доаѓам овде.“

Жената се сврте кон менаџерот на ресторанот и му рече:“Господине,дали ја познавате фирмата “Еди и партнерите“ подоле на улицата?

“Секако, тие одржуваат неделно состаноци во нашите сали.“

“И дали заработувате доволно од храната која се служи на тие состаноци?“

“Јас сум Ана Еди, претседател на таа компанија.Мислев дека тоа ќе направи разлика.“

„Дали би ни се придружиле полицаецу?“

“Не ,благодарам госпоѓо,јас сум на должност.“- одговори полицаецот.

“Може еден чај пред да одите?- Може. Одговори полицаецот гледајќи го менаџерот како заминува.“НАвистина му покажавте каде му е местото.“

“Немав таква намера.Верувале или не, јас си имам причина за ова.“

Таа седна на масата и го праша нејзиниот зачуден гостин “Џек,дали ме познаваш?“

“Па ми изгледаш познато“- одговори стариот Џек.

“Може сум постара,и може со годините сум поправена за разлика од младите години ,кога ти работеше тука ,а јас се појавив на таа врата ,смрзната и гладна.“

“Госпоѓо..?“ не можеше да верува дека оваа убава дама некогаш била гладна.

“Тукушто излегов од факултет ,дојдов во овој град да барам работа,но не можев да најдам ништо.Кога снемав пари ме избркаа од станот,одев по улици со денови,беше Февруари ,ми беше ладно и многу гладував.Го видов ова место и влегов мислејќи дека имам можност нешто да јадам.“

Џек се насмевна.“Сега се сеќавам.“- рече тој.Јас бев позади шанкот и ти се појави и ме праша дали може да работиш нешто за да јадеш,и јас реков дека е против политиката на компанијата.

“Знам,продолжи жената.Тогаш ти ми го направи најголемиот сендвич кој некогаш сум го видела,ми рече да седнам на масата и знаев дека с еќе биде во ред.“

“Па,ти започна ли свој бизнис?“

“Најдов работа истото попладне.Но ,потоа почнав свој бизнис кој со Божја помош стана успешен.Таа извади визит картичка и му рече да дојде кај неа на работа,кај заменик директорот да му даде некоја работа во фирмата, и може и аванс за да купи алишта и место за живеење за да застане на нозе.

“Ако некогаш ти затреба нешто,мојата врата е секогаш отворена за тебе.“

Му потекоа солзи во очите на стариот Џек, “Како некогаш да ти заблагодарам? Праша тој.

“Не ми заблагодарувај на мене ,туку на Бог.Тој ме доведе до тебе.Фала ти Господе.“

На излегување, пред да се разделат со полицаецот “,Ти благодарам за помошта ,полицаецу“рече таа.

“Напротив, госпоѓо Еди, ти благодарам тебе,видов денес чудо кое никогаш нема да го заборавам и благодарам на чајот.

 

One comment

  1. Боже, моля ти се направи така, че да узная кои са родителите на дядо ми Кирил Ефремов.Трябва да са бели християни.Ще кача снимки , ако успея, дори и чрез програма на баща ми и майка ми.
    Знам, че тези на баба ми Елена са Мария и Павел и пак са бели християни.
    Показах снимка днес на майка ми на един от милярдите на двойници на мангала Давидофф – като престъпник, влезнал с взлом в британски апартамент.
    Знам, че един циганин, само един да беше, се подвизава под името Бекир Ялмаз и като разбъркам буквите се получава Мама Кирил без бебе-знам каква им е била съдбата.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *