Исфрлете ги сите отрови од телото со медицински јаглен

Поголемиот дел од токсините се излачуваат од телото преку црниот дроб. Чистењето на организмот можете да го олесните преку внесување на храна или додатоци на прехраната кои ќе помогнат во излачување на штетните материи.

Една од нив е и активниот или медицински јаглен или Carbo medicinalis.

Доколку се отруете со храна, имате цревна зараза, надуеност, пролив или сте биле изложени на пестициди, гранулите или апчињата од јаглен ќе ги ресорбираат штетните материи. Поради ова, изметот може да ви добие црна боја или евентуално да добиете запек.

Имено, јагленот апсорбира речиси се’ што сте внеле во желудникот или цревата, но не делува на оно што е веќе ресорбирано во дигестивниот тракт. Се врзува за околу 60 % од органските и неорганските соединенија, микроорганизми и лекови, а истовремено не се ресорбира и метаболизира, не е штетен, а можат да го користат и деца. Понекогаш може да смета на делувањето на оралната контрацепција. Стручњаците велат дека млечните производи можат да сметаат на негово делување.

Исто така, јагленот може да се користи и при обилни оброци, кои го оптеретуваат дигестивниот систем. Секако, тој се врзува скоро за сите хранливи состојки и витамини, па не се препорачува негова долготрајна употреба.

Покрај медицинските цели, активниот јаглен има примена и при прочистување на воздухот и плинот, процедување на водата (за пиење, индустриски или комунални отпадни води, домашни филтери за вода и сл.), обработка на течности, како и за посебни примени – преработка на злато, мембранска филтрација, каталитички процеси, тутунска индустрија, клима уреди итн.

skopjeinfo.mk

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *