Си била еднаш една старица која кога умрел нејзиниот маж отишла да живее со синот, снаатa и внуката.
Секој ден нејзиниот вид и слух се влошувале. Понекогаш нејзините раце толку се треселе што се случувало нејзиниот грашок од чинијата да скока на подот, а супата протекувала насекаде. Синот и снаатa не можеле да ѝ помогнат, но ги нервирало тој хаос кој го правела. И еден ден рекле, што е многу – многу е, па за неа поставиле маса во ќошот, покрај орманот за метли и ѝ дале таму да ги јаде сите свои оброци.
За време на оброкот, таа ги гледала од другиот крај на собата, со очи полни со солзи, но тие ретко разговарале со неа, освен кога ја карале кога ѝ испаѓала вилушката или лажицата.
Една вечер, точно пред вечерата, малото девојче седеше на подот играјќи си со коцки…
“Што правиш?“- ја прашал таткото сериозно.
“Правам мала маса за тебе и мама“ – одговорила.“За да можете сами да јадете во ќошот кога јас ќе бидам голема.“
Таткото и мајката занемиле, и тоа изгледало како да траело цела вечност. И тогаш почнале да плачат.
Во тој момент станале свесни за тоа што го направиле и за тагата која ја предизвикале. Таа вечер ја вратиле старицата на нејзиното вистинско место на големата маса и од тој ден секогаш јадела со нив. А кога ќе ѝ паднела лажицата или вилушката, изгледало како на никој веќе да не му е гајле за тоа