Можеби сите ја знаете приказната која Исус им ја раскажал на учениците за горделивиот фарисеј и понизниот митник, но не е лошо да се потсетиме.
“Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.
Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник.
. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.«
. А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: »Боже, биди милостив спрема мене грешниот!«
. Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.”
Денес постојат две заблуди: Првата е дека си многу грешен и дека Бог нема милост веќе за тебе и другата е дека си праведен и не ти треба милоста Божја.
Оваа приказна ни покажува дека Божјата милост е тука за нас доколку ја бараме со искрено и понизно срце и дека таа е свежа секое утро. Бог нема да презре смирено и покајничнко срце. Тој чека на нас. Побарај го Бог уште денес, Тој ќе ти се смилува. Побарај го со искрено покајничко срце. Ќе те води, чува и благослови.