Добри навики за добар желудник!
1.Редовно земање на оброци
Редовноста во јадењето е од витална важност.За секој оброк треба да постои одредено време. Во тоа време секој нека го јаде тоа што неговото тело го бара, меѓутоа потоа ништо нека не зема се до следниот оброк.Многумина јадат и тогаш кога немаат потреба од храна,во неправилни интервали и помеѓу оброци, бидејќи немаат доволно силна волјаза да и се спротивстават на наклонетоста. кон редовноста во јадењето треба грижливо да се придржува. Помежу оброците не треба ништо да се јаде, никакви слатки, зрнести плодови, овошје или храна од кој и да е вид. Нередовноста во јадењето ја разорува здравата и нормална работа на органите за варење, на штета на здравјето и расположението.
2.Јадење помеѓу оброци
Откако е земен редовниот оброк, на желудникот треба да му се овозможи одмор од пет часови. Ниту трошка храна не треба да се внесе во желудникот до следниот оброк. Во овој временски интервал тој ќе ја изврши својата работа и ќе биде во состојба да прими повеќе храна. Во никој случај оброците не треба да бидат нередовни. Доколку се руча еден или два часа пред вообичаеното време, желудникот не е подготвен за ново оптоварување, затоа што сеуште ја нема сварено храната која била внесена во претходниот оброк и нема животни сили за нова задача. На тој начин телото се оптоварува. Оброците не смеат да се одложат еден или два часа за да одговараат на околностите или за да може да се заврши некоја работа. Желудникот бара храна во времето кое е навикнат да ја прима. Доколку тоа време се одложи, животната сила на телото опаѓа и на крајот паѓа толку ниско за апетитот целосно да се изгуби.Доколку храната се земе тогаш, желудникот не е во состојба правилно да ја свари. Храната не може да се претвори во добра крв.
Кога сите би јаделе во временски интервали, не внесувајќи ништо помеѓу оброците, би биле подготвени за своите оброци и би нашле задоволство во јадењето, кое ќе ги награди за нивното одрекнување.