Сите луѓе немаат иста потреба од сон.
Повеќето новороденчиња спијат од 16 до 18 часа на ден.
Децата на возраст од 1-3 години спијат околу 14 часа на ден, а децата на претшколска возраст од 11 до 12 часа. Децата што одат на училиште најчесто спијат 10 часа, тинејџерите од 9 до 10 часа, а возрасните од 7 до 8 часа.
Не е добро да спиеш помалку од она што е препорачано за твојата возраст. Зошто? Според некои експерти, сонот е важен за:
правилен раст и развој на децата и тинејџерите
учење и помнење на нови информации
одржување рамнотежа на хормоните кои влијаат врз метаболизмот и тежината
кардиоваскуларното здравје
спречување на болести
Недостатокот од сон е поврзан со зголемена тежина, депресија, срцеви болести, дијабетес и трагични несреќи. Ова се добри причини за да не си скратуваме од сонот.
Тогаш, што можеш да направиш ако сфатиш дека не спиеш доволно?
Труди се да си легнуваш и да стануваш во исто време секој ден.
Во собата во која спиеш треба да биде тивко, темно, да има опуштена атмосфера и да не биде премногу топло или премногу ладно.
Не гледај телевизија и немој да користиш електронски уреди додека си во кревет.
Погрижи се креветот да биде што е можно поудобен.
Избегнувај тешки оброци, кофеин и алкохол пред да си легнеш.
Доколку ги примениш овие совети и сѐ уште страдаш од несоница или други нарушувања на сонот — премногу ти се спие во текот на денот или имаш отежнато дишење додека спиеш — би било добро да се консултираш со медицинско лице