Блага, сочна и вкусна, лубеницата е омилено овошје налето. Нејзината црвена боја и освежителен вкус ја прават да биде симбол на летното овошје. Но она што можеби не сте свесни е дека ова овошје одлично дејствува на вашето здравје. Изобилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира вашето тело.
Витамин А
Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговото антиоксидативно својство помага во намалување на слободните радикали во телото.
Витамин Ц
Сите знаеме дека е потребен за зајакнување на имунитетот, но витаминот Ц го забрзува зараснување на раните, го спречува оштетувањето на клетките, го подобрува здравјето на забите и на непцата.
Витамин Б6
Витаминот Б6 е потребен за синтеза на серотонинот и норепинефринот (норадреналинот), кои се заслужни за вашето добро расположение.
Ликопен
додека голем број луѓе мислат дека доматот е најдобар извор на ликопен, лубеницата го содржи во најголема концентрација, во однос на кое било овошје и зеленчук. Ликопенот го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања и макуларна дегенерација.
Калиум
Доколку не ги сакате бананите, калиум можете да побарате во лубеницата. Помага во закрепнување на мускулите, подобро функционирање на мозокот и ги враќа електролитите во рамнотежа. Исто така помага во намалувањето на нивото на крвниот притисок.
Аминокиселини
Лубеницата содржи аминокиселини, аргинин и цитрулин. Тие се потребни за одржување на здравјето и целокупниот кардиоваскуларен систем и ја подобруваат циркулацијата.
Вода
Лубеницата ја сочинува 92% вода, што значи дека е одличен извор за хидратација и освежување во текот на жешките летни денови.
Зошто да јадете лубеница?
Еве уште неколку причини зошто да јадете повеќе лубеница ова лето…
l Лубеницата е извор на важен антиоксидант: ликопенот, кој се наоѓа и во доматите, кајсиите и грејпфрутот, го одржува здравјето на нашето срце и има голем удел во борбата против ракот, односно ја спречува појавата на ракот на дојката или простатата.
– Лубеницата дејствува исто како вијагра: цитрулинот што го содржи лубеницата ги опушта крвните жили на ист начин како и вијаграта, а дури и ако не успее тоа, одлична е за артериите.
– Лубеницата содржи многу витамини што се добри за нашиот имунитет, здравјето на очите и нашиот мозок.
– Лубеницата е одличен извор на калиум, кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од висок крвен притисок.
– Дехидрација: лубеницата содржи дури 92 проценти вода, што е одличен извор на течност во летните, топли денови.
– Лубеницата е исто така одличен зеленчук за оние што се обидуваат да изгубат неколку килограми, бидејќи содржи шеќер, а е речиси безмасна.
новамакедонија.мк