Не знаеме овој ден што ни носи, што ќе дојде на нашиот пат, но на Бог секогаш треба да се потпреме, бидејќи Тој е со нас!
Драг Господе, денес е нов ден, можност за нов почеток, вчера помина, а со тоа и сите мои грешки и неуспеси за кои барав Твоја прошка. Овој ден сакам да го започнам и завршам со Тебе во својот ум и срце. Господе, Ти секогаш ме штитиш од секое зло. Ни денес не знам кој и што ќе наиде на мојот пат. Знам декеа ѓаволот обиколува околу мене како лав што рика со намера да ме уништи и одвои од Тебе. Преку разни ситуации и луѓе сака да ја заниша мојата верба и ме наведува да згрешам. Те молам, опкружи ме со твојата заштита, со својата сила и моќ. Помогни ми денес да се укотвам во Тебе.
Боже, ти веќе ги знаеш сите борби со кои ќе се соочам. Верувам дека си со мене додека поминувам низ нив. Секогаш ме спасуваше од секоја тешка ситуација. Тогаш кога мислев дека ќе потонам во очај, Твојата моќна рака ме избави, Ти благодарам! Затоа не се потпирам на својата сила, мудрост, моќ. Се потпирам на Твојата помош во се. Ти си моја карпа и тврдина!
Моја желба е да постапувам според Твојата Реч. Чувај ги моите нозе од сопнување и мојот ум од лутање кое би можело да го украде моето драгоцено време. Благослови ги моите односи со ближните. Помогни ми на работното место квалитетно да работам со колегите и да не доаѓам во никаков сукоб. Влеј ми мудрост и мир во извршувањето на своите задачи.
Знам дека земниот живот е краток и минлив. Затоа овој ден сакам да го проживеам како да е псоледниот ден од мојот живот. Сакам да живеам на Твоја слава. Ти го имаш целиот свет во својата дланка па и мене! Убаво е да се знае дека се е во Твоите раце. Те сакам и те молам за се. Амин!
Amin