„Секој ден во комуникацијата со различни луѓе, се прашуваме зошто најдобрите од нив се осамени. Тие имаат харизма, пријатна надворешност, добро воспитување и убави манири, жив аналитички ум и секогаш даваат впечаток на силни личности, зад кои одвај ѕирка тагата.
Тие бараат „свои“луѓе за разговор, дружење и пријатен одмор, за љубов, за врска и семејство . Тие често прават грешки, страдат повеќе, поретко воспоставуваат врски, тешко поднесуваат неуспеси. Иако секој пат согоруваат во врската, тие повторно се раѓаат од пепелта и стануваат уште подобри и посилни.
И потоа, повторно почнуваат се од почеток…
Непознати им се стереотипите на современото друштво, невозможно е да им се наметне туѓото мислење. Тие секогаш бараат личност покрај која ќе се чувствуваат топло и спокојно.
Тоа спокојство не значи отсуство на кавга, адреналин и силни чувства.Спокојството значи дека тука е личноста која нема да те изневери. Личност во која имаш неограничена доверба и и веруваш 200%.
Дури и најсилните луѓе непрестајно сакаат да стекнат доверба и да бидат сакани…