Не очекувај од никого ништо и нема да се разочараш.
Луѓето бараат љубов, не барај љубов од нив. Барај ја од Бог, бидејќи Бог е љубов. Не можеме да дадеме нешто што немаме. Ако наидеш на љубов во некои луѓе, тоа е бидејќи Бог живее во нивните срца.
Сакаш луѓето да те почитуваат. Не очекувај почит. Почитта се стекнува. Но најнапред, почитувај се самиот. Никој нема да те почитува ако ти не се почитуваш. Знај дека Бог те почитува и цени и така полесно ќе ги научиш и другите да те почитуваат.
Сакаш луѓето да не те лажат. Не го очекувај тоа од нив. Не ги лажи ти нив и знај дека тоа Бог го бара од тебе. Секој ќе си одговара за својата постапка пред Бога. Ти биди веродостоен и без лага во срцето. Бог ќе те награди за твојата искреност порано или подоцна.
Очекуваш помош од луѓето? Немој. Ретко има луѓе кои ќе сакаат да ти помогнат. Твојата помош е оид Господ кој е жив, само побарај ја од Него. Биди личност која помага, а не на која и треба помош. Помагајќи им на другите, си помагаме на себе си. Помагајќи им на другите и Господ ни помага. Што повеќе ти треба од тоа?
Не очекувај луѓето д ати го дадат она што само Господ може да ти гио даде…