Една медицинска сестра која работи на педијатрија се одлучи да го посвои бебето за кое се грижела и да стане самохрана мајка.
Клер работи 12 часа секој ден на одделот за интензивна нега на педијатрија во една болница во Тексас.
Животот целосно и се изменил кога го запознала малиот Џексон.
Мајката на детето била на царски рез, а Џексон останал на интензивна нега првите пет дена од својот живот. За него се грижела Клер.
Силно се поврзала со бебето и неговата мајка. Била загрижена кога бебето и неговата мајка си отишле и се јавила на социјалниот работник задолжен за ова семејство.
Мајката на Џексон сакала нов дом бидејќи не можела да си овозможи добар живот. Затоа ја контактирала Клер и ја замолила таа да се обиде да му го пружи. Клер тоа го видела како Божји знак и била многу возбудена околу посвојувањето.
Клер го започнала процесот на посвојување и наскоро го довела дома Џексон. Не и било лесно да премине од безгрижен живот на самец, до самохрана мајка. “Првата недела беше цела со плачење. Се чувствував како секој ден да плачам. Затоа с е потпрела на својата мајка. Кога таа не била на работа, за Џексон се грижела неговата баба.
„Тој е толку среќен. Толку е мил“, вели таа. Сега тој има 4 месеци, здрав е и добро јаде. Сега тој е поправен и ми го освои срцето. И јас се родив прерано и затоа се решив да бидам сестра на интензивна нега, додаде таа.
„Не е нормално нешто што треба да биде добро, да се претвори во лошо. Не можам ни да с есетам каков ми бил животот пред него“ вели таа. Го следеше своето срце и реши на малото момче д аму овозможи дом. Овој чин му овозможи на детето да добие нова шанса.