Една студена вечер за време на Божиќните празници, мало момче, шест до седум години, стоеше пред голем излог од продавница.
Детето немаше чевли и беше облечено во вистински партали. Една млада жена која минуваше го забележа детето и го прочита копнежот во светло сините очи.
Таа го зеде детето за рака и го одведе до продавницата. Му купи нови чевли и цел комплет топла облека.
Двајцата излегоа на улица, а жената се сврте кон детето со следниве зборови:
Сега можете да си одиш дома и да уживаш во празникот.
Момчето ја погледна и ја праша:
“Дали си Бог, госпоѓо?”
Таа се насмевна на него и одговори.
„Не, синко, јас сум само едно од Неговите деца“.
Момчето малку размисли и рече:
„Знаев дека мора да сте роднини“.