Вербата во Бог ги менува нештата.
Довербата во Бог е да Му верувате дека Тој е со вас постојано.
Ако Му ги довериме нашите финансии, нашиот брак, нашите деца, нашите потреби и желби, Тој никогаш нема да не остави и заборави. Тој чека да побараме помош од Него и сака да ни помогне.
Кога верувате во Господ, секој проблем ви изгледа решлив, секоја болка минлива, секоја тага се претвара во радост и надеж.
Кога верувате во Него, радоста се зголемува, мирот е траен, срцето е весело, душата е полна.
Кога верувате во Господ, знаете дека не сте никогаш сами. Тој е секогаш до вас само една молитва оддалечен. Ве води за рака низ патеката на животот…Ако згрешите, ќе ве поправи, ако паднете, ќе ве подигне, ако се разочарате, ќе ве охрабри…
Никој и ништо нема да ви помогне во животот како Бог…Ако сакате животот да ви стане поубав, подобар и со поголема смисла, поканете го Господ, да биде постојан гостин во вашето срце, во вашиот дом..и никогаш нема да зажалите!
Veruvam vo boga amin
АМИН ✝️❤️❤️✝️