Читајте ја секој ден – Приказна со неверојатно моќна поука
Еден сосема обичен ден, решив да се откажам. Одеднаш решив да кренам раце од работата, од својата врска и од својата духовност. Всушност, решив да се откажам од животот.
Но пред да решам да го направам тоа дефинитивно, отидов во шумата на последна прошетка со Бог.
Реков: „Боже, можеш ли да ми дадеш една добра причина за да не се откажам?“
„Погледни околу себе. Дали гледаш папрат и бамбус?“, ме праша Тој.
„Да“ одговорив.
„Кога ги засадив, добро се грижев за нив. Внимавав да бидат на место каде што има сонце, ги полевав. Папратот растеше брзо. Брзо го прекри тлото. Но од бамбусот ништо. Сепак, не кренав раце од него. Следната година, папратот го имаше уште повеќе, а од бамбусот ни трага ни глас. Сепак, не се откажав. И третата година беше иста, како и четвртата. Јас не се откажав. Тогаш, петтата година изникна мала садница бамбус. Во споредба со папратот беше ништо. Но, само шест месеци подоцна, бамбусот порасна преку три метри. Пет години му требаа да ги пушти своите корени кои го направија силен и му овозможија да расте.
Јас никогаш не би создал нешто што нема шанса да преживее. Знаеш ли дека во тоа време додека ти си страдал, всушност си ги пуштал своите корени? Како што јас не кренав раце од бамбусот, не кревам раце нити од тебе“, рече Бог.
„Не споредувај се со другите. Бамбусот има сосема друга цел од папратот, но и двете билки ја прават шумата убава. Ќе дојде и твоето време, и ти ќе пораснеш.“
„Колку треба да пораснам?“, го прашав.
„А колку бамбусот ќе порасне?“, возврати тој.
„Веројатно колку што може“, реков.
„Точно така. Направи ме горд и порасни колку што можеш“, ми рече Бог.
наслов:среќа.мк