Ви предлагаме неколку рецепти за да направите свој домашен квасец
Во екот на коронавирусот многу луѓе почнаа да ги пустошат супермаркетите, купувајќи неопходни намирници како масло, брашно и квасец во огромни количини.
Како и во другите земји, така и кај нас, рафтовите се празнат, па ако сте дел од оние што не успеале да најдат квасец, ние можеме да ви помогнеме со овие домашни рецепти.
Со оглед на тоа што сега најбезбедно за вас и вашата околина е да останете дома, ова време е идеално за да приготвите леб и тесто за вашето семејство, без да одите до продавница.
Квасец од овошје
Состојки:
- 1 јаболко
- 750 г остро брашно
- 520 мл вода
Приготвување:
Исечете го јаболкото на половина, извадете го јадрото, па изрендајте го во еден сад. Половина килограм брашно измешајте со 350 мл вода, додајте јаболко и сето тоа добро затворете го во тегла. По три дена, смесата ќе нарасне и ќе се појават меурчиња. Фрлете половина од смесата, а другата половина во сад измешајте ја со 250 г брашно и 170 мл вода. Добро затворете ја смесата во тегла и оставете ја неколку дена на собна температура. Кога ќе се појават меурчиња, вашиот квасец е спремен за употреба. За совршен леб ќе ви треба 250 г квасец, а остатокот од смесата продолжете да го одржувате со додавање брашно и вода, кои се потребни за смесата да биде ретка.
Квасец од житарки
- Првиот ден измешајте 20 г брашно и 20 мл вода за да добиете хомогена смеса.
- Вториот ден измешајте уште 20 г брашно и 20 мл вода, па два пати во текот на денот добро промешајте ја смесата.
- Третиот ден додате уште 30 г брашно и 30 мл вода, па во текот на денот промешајте уште два до три пати.
- Четвртиот ден тргнете половина од смесата и повторете ја постапката од третиот ден. Истото направете го и петтиот и шестиот ден.
- Седмиот ден вашиот квасец е готов и спремен за употреба.
Квасец од компир
Сварете еден компир во парчиња додека биде добро сварен. Исцедете го, но зачувајте ја водата од варењето. Измешајте го компирот со едно лажиче сол и едно лажиче шеќер. Оставете ја смесата да се олади, па додајте една четвртина вода од варењето. Оставете ја смесата неколку дена да отстои.
Квасец за тесто
Состојки:
- 200 г интегрално брашно
- 1 дл топла вода
- 1 лажичка мед
Приготвување:
- Измешајте 50 г интегрално пченично брашно и 1 дл топла вода.
- Додајте 1 лажичка мед.
- Измешајте, сипете во стаклена тегла, покријте со платнена крпа и оставете го да отстои на топло место.
- Утредента промешајте и повторно покријте го.
- Третиот ден, навечер, кога ќе се појават меурчиња, додајте 150 г брашно и 1,5 дл вода.
- Добро промешајте и повторно покријте ја теглата.
- Четвртиот или петтиот ден, смесата ќе биде спремна за месење тесто.
- Земете 1 шолја од квасецот, а остатокот оставете го во стаклената тегла и чувајте го затворен во фрижидер.
izvor:ubavinaizdravje.mk