Бог е нашето прибежиште. Тој е нашиата карпа.
Не мора да се плашиме. Околностите не утврдуваат што ќе се случи со нас. Бог одредува што ќе се случи со нас. И Тој го подготвува само најдоброто за нас. Тој е добар, нежен Татко, полн со љубов. Тој е достоен за нашата доверба.
“ Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот, и од збор кој збунува.
Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: како што ќе те окружува Неговата вистина.
Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење,
од суштества што одат во темнина, од зараза и од бес што опустошува напладне.
Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;
само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш отплатата на грешниците.
Зашто, ти, си Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште;
Псалм 91,3-7
AMIN SLAVA TEBE BOZE