Една жена купила нов пар на контактни леќи. Недолго подоцна, ја сопрел полицаецот поради сообраќаен прекршок и отако ги погледнал ограничувањата во нејзината возачка дозвола, строго ја прашал: „Каде ви се наочарите?“
Таа му одговорила: „Имам контактни.“ (Полицаецот ја разбрал дека има контакти, односно врски.)
„Мене не ми е важно вие кого познавате – треба да ги носите вашите наочари!“
Неоспорен факт на овој свет е дека има разлика во тоа: кого познавате. Ако барате вработување, а го познавате шефот, ќе имате предност. Ако сте доведени на суд, а го знаете судијата, тоа е добра вест. Ако сакате со некого да се запознаете, а откривате дека му ги познавате пријателите, сте ја завршиле работата.
Кога Абрахам Линколн бил претседател, понекогаш давал упатства на својот персонал да не дозволуваат да биде вознемируван. Тој одел во својата канцеларија и ја затварал вратата позади себе. Чуварите стоеле надвор, на двете страни од ходникот, за да спречат било кој да влезе внатре.
А потоа некој набрзина поминувал низ ходникот. Поминувал точно покрај чуварите, ширум ја отварал вратата и влегувал право кај претседателот. Чуварите дури не се ни обидувале да го запрат. Зошто? Затоа што неговото име било Тед Линколн, и тој бил син на претседателот! Неговата врска со претседателот ја правело таа голема разлика.
Дали верувате дека вашата врска со Христа е нешто што ја прави целата разлика во вашиот духовен живот? Дали верувате дека христијанството е засновано на тоа Кого Го познавате? Или верувате дека тоа е засновано врз она што го правите?
На еден состанок пред неколку години, еден од водачите станал и им поставил неколку прашања на присутните. Запрашал: „Колкумина од вас веруваат дека се спасуваме единствено со вера во Исуса Христа?“ Неколкумина кренале рака, а потоа брзо ги спуштиле.
Потоа запрашал: „Колкумина од вас веруваат дека се спасувате врз основа на своите дела?“ Уште неколку раце се кренале, а потоа брзо се спуштиле. На крајот запрашал: „Колкумина од вас верувате дека се спасувате со вера во Исуса Христа, плус вашите добри дела?“ Се подигнале сите останати раце и се задржале во воздухот мафтајќи!
Тој рекол: „Се надевам дека на крајот на оваа утринска проповед вашето мислење ќе биде променето!“ А потоа почнал да докажува дека се спасуваме единствено со вера во Исуса Христа и точка.
Исус кажал во Јован 17:3: „А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил.“
„Бидејќи преку Христа влегуваме во одмор, небото започнува уште овде. Ние одговараме на Неговиот повик: „Дојдете, учете од Мене“, и така, доаѓајќи кај Него ние започнуваме вечен живот. Небото е постојано приближување кон Бог преку Христа.“
Дали Го познавате Него? Да се познава Исус е целокупната основа на христијанскиот живот. Познавањето на Исус е патот во вечен живот. Познавањето на Исус ќе го промени вашиот начин на живот, бидејќи додека учите да Го познавате, да Го сакате и да се дружите со Него, ќе бидете променети во Неговиот лик.
Праведноста е Личност. Спасението е Личност. Преку Исус, вашиот вечен живот може да започне уште денес!
-СЛАВА НА БОГА ВО ВИСИНИТЕ МИР НА ЗЕМЈАТА МЕЃУ ЛУГЕТО СО ДОБРА ВОЛЈА*++++