„Овие се денови во вашиот живот кога треба да сфатите дека одредени работи веќе не се во ваша контрола: вашите најблиски, она што го поседувате, околностите … За да го направите ова, мора да почивате во Моето присуство каде сте завршиле.
Одвојте време и уживајте во светлината на мојата љубов. Знајте дека сте безбедни, дури и среде овие катаклизмични и трагични промени.
Гледајте го ова: Никаде не сме безбедни, освен во рацете на Бога
Оној што никогаш не те остава е ист Оној што не се менува: Јас сум ист вчера, денес и засекогаш ќе бидам ист.
И како што ги давате вашите околности, стравови и грижи сè повеќе и повеќе во Мои раце, запомнете дека никогаш не ја пуштам твојата рака од мојата И тука лежи вашата безбедност, која никој и ниту една околност не може да ви ја одземе! “
Твојот Исус
(Извор непознат)
Имам и отсекогаш имав еден многу сакан вујко… Кога бев мала, тој за мене беше БОГ на земјава… И кога пораснав, изучив, се омажив и се преполнив со проблеми, пак мојот вујко беше првиот кој за мене се грижеше… Одлетаа годините… Сега вујко ми оди кон својата 94 година… Дементен е со лошо однесување спрема синовите кои се грижат за него. Болен е од срце, покрај другото. И – сношти – братучед ми ми јавува; “Цецо… Татко ми направи тоа, и тоа, и тоа… Не се издржува. Ќе го нодиме во Дом за стари лица.“ Јас се вкочанив. РЕШЕНИЕ немам… Денес, од изутрина плачам… И тое не е решение… ПОСАКАВ БОГ да ми каже : ШТО ДА СТОРАМ, а да не бидам неблагодарна спрема мојот сеуште многу љубен вујко…ЌЕ МИ КАЖЕШ ЛИ БОЖЕ???