Се вели дека овој прекрасен текст е говор на Чарли Чаплин по повод неговиот 70-ти роденден. До ден-денес не е јасно кој е авторот. Во овој случај, сепак, поважна е убавината и пораката на овој материјал. Имено: Кога ќе почнете да се сакате себеси, започнувате да живеете!
Во Библијата пишува дека една од двете најголемите заповеди е “да ги сакате другите како што се сакате себе си “!
Како ќе ги сакате другите, ако не се сакате себе си прво…. Ова е заповед која Бог ни ја дава…да се сакаме себе си…Не себично, егоцентрично, туку да се почитуваме, да се вредниуваме, бидејќи сме вредни во Божјите очи!
Кога се сакате себе си, се учите како да ги сакате и другите околу вас. Се прифаќате со своите недостатоци…ги прифаќате и другите со нивните недостатоци…Сакате вас да ви простуваат…простете им и вие нив….Сакате вас да ве почитуваат…почитувајте ги и вие нив….Законот на љубовта е поврзан и врежан во секое срце, и ако се наруши неговиот тек ќе страдате и вие и тие околу вас. Ако сакате да повредите некого…ќе ве боли и вас….Луѓето што сакаат се посреќни и имаат убав живот. Затоа сакајте и бидете сакани и ќе живеете многу подобро!