Бог се грижи во секоја област од нашиот живот и Бог сака да Му се обратиме за помош.
Наша обврска е да Му се обратиме на Бога за помош во животот, посебно кога ќе допреме до точката во која сме немоќни.
За жал постојат луѓе кои не чувствуваат потреба за помош од Бог затоа што се премногу горди на себе. и своите способности и мислат дека ништо друго не им е потребно.
Но Библијата јасно кажува: “Гордоста го понижува човекот и високоумноста пред пажањето.“ (Мудри изреки, 16,18)
Но, кога ќе препознаеме колку ни е потребен Бог, Тој ќе ни помогне.“
Но Тој не се наметнува, не доаѓа сосила и не сака да се меша во нашиот живот освен ако ние не побараме.
Затоа, да не бидеме горди и да побараме помош од Семоќниот Кој трпелливо чека да побараме помош од Него за да ни помогне.