8+ изненадувачки причини да јадете КИВИ!

Веќе длабоко навлегуваме во периодот на есента, па пазарите се преполни со вкусни сезонски овошки. Покрај крушитетиквитекалинките, јаболките и останатите плодови на есента, тезгите се збогатени и со специфичните овошки, наречени киви.

Кивите не се типичните за нашите краишта, потекнуваат од далечниот исток, поточно Кина. Популарното име го добиваат во 20-тиот век во Нов Зеланд, според популарната локална птица наречена киви. По пробивањето на пазарот на австралискиот континент, нешто подоцна кивите стинуваат и во Европа. Денес, овие овошки се одгледуваат и кај нас во Македонија, во јужните предели со потопла клима.

Оваа навистина специфична овошка припаѓа на семејствотот билки Actiniaceae и расте како дрво. Уникатниот вкус кој има да ни го понуди, доаѓа заедно со малку калории, а исклучително богата хранлива вредност. Заради овие причини, консумирањето киви носи повеќе здравствени бенефити за кои ќе зборуваме во продолжение.

Нутритивно сконцентрирана храна

Поголемиот плод на кивите, во просек содржи околу 60 калории – 13g јаглехидрати, од кои 3g фибер, 1g протеини и 0,5g масти.

Што се однесува до микронутритивниот состав, кивите се сметаат за еден од најдобрите природни извори на витамин Ц (една кива со средна големина содржи над 100% од дневните потреби за овој витамин), а тие се особено богати и со:

▫ витамин К – околу 50% од Дневните Потреби
▫ калиум – 10% од ДП
▫ витамин Е – 8% од ДП
▫ бакар – 6% од ДП
▫ фолна киселина (витамин Б9) – 6% од ДП

Покрај ова, кивите содржат и нешто помали количества од витаминот А, од минералите: магнезиумкалциумжелезо, потоа антиоксиданти, како лутеин, зеаксантин, бета каротен и разни други фитохемикалии.

Моќен антиоксидативен извор

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Токму заради нивниот импресивен антиоксидативен состав, кивите се сметаат за супер-храна. Покрај претходно споменатите лутеин, зеаксантин и бета каротен, кивите се полни и различни полифенолни имуностимулирачки антиоксиданти, но и со антиоксидативни витамини, пред сè витаминот Ц. Тука се и витамините Е и А. Витаминот Е може да делува и на намалувањето на холестеролот во крвта.

Низа релеванти истражувања покажуваат дека редновното јадење киви, значително придонесува за намалување на инфламаторните маркери.

Подобро здравје на очите и кожата

Кивите се извонредно добра храна за очите и кожата. Овој факт се должи на нивниот богат антиоксидативен состав.

Овие овошки се одличен извор на претходно споменатите лутеин, зеаксантин, провитамин и витамин А – хранливи материи кои силно придонесуваат за намалено оксидативно оштетување на очното и кожното ткиво. Кивите содржат извонредни 171mg лутеин во еден поголем плод, што е повеќе во споредба со било која друга овошка.

Лутеинот и зеаксантинот во низа научни студии се поврзуваат со превенцијата од најзастапеното очно заболување кај повозрасните лица – макуларна деградација, но и со превенцијата од оштетувањата на кожата предизвикани од сончевото UV зрачење.

Рековме дека кивите се можеби најдобриот извор на витамин Ц во природата, кој покрај силното антиоксидативно дејство, има и значајна улога во метаболизмот на синтеза на колагенот – најзастапениот протеин во човековото тело, помеѓуостанатото клучен и за здравјето на кожата, мускулите и коските.

Дополнително, едно истражување вели дека еден вид полисахариди застапени во плодот на кивите, имаат потенијал да го дуплираат производството на колаген во телото, протеин чија синтеза има тенденција да опаѓа со текот на стареењето.

[Поврзано: Што треба да внесуваме за здравјето на ОЧИТЕ?]

Подобро здравје на срцето

Имајќи го предвид хранливиот состав на кивите, лесно можеме да заклучиме дека тие се одлични и за кардиоваскуларното здравје. Солиден процент на фибер, моќни антиоксиданти, минерали како калиум и магнезиум, витамин К, витамин Е – секој од нив на свој начин важен за срцето.

Антиоксидантите дејствуваат:

  • на намалувањето на хроничниот процес на воспаление во телото (ризик фактор за многу заболувања, па и срцеви), потоа
  • на намалување на вкупниот холестерол, и на крајот
  • на намалување на високиот крвен притисок како еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања.

Калиумот делува на намалување на високиот крвен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта крвните садов и ја подобрува циркулацијата.

Растителните влакна можат да превенираат и да помогнат при гојазност и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце. Понатаму, витаминот К е клучен во процесот на заздравување на раните, односно соодветното згрутчување на крвта, спречувањето на таложењето калциум во артериите – состојби кои можат значително да го зголемат ризикот од срцев удар.

Истражувањата утврдуваат дека луѓето кои редовно консумираат киви, имаат 15% помалку масти во крвта, во споредба со оние кои не јадат.

Кивите се солиден изор и на омега 3 масни киселини, бакар и други фитохемикалии значајни за кардиоваскуларното здравје.

[Поврзано: Зависно од вашата возраст, што треба да правите за здраво СРЦЕ?]

Посилен имунитет и здравје на белите дробови

Добро е познато дека цитрусните овошки, инаку особено богат извор на витамин Ц, се користат за стимулирање на подобар имунитет. Повеќе пати повторивме дека и кивите се исто така исклучителен извор на овој витамин.

Витаминот Ц се поврзува со зголемената продукција на бели крвни клетки кои се клучни во борбата со сите инфекции. Искуствата, но и истражувањата, покажуваат дека исхраната и суплементирањето со овој витамин можат значително да ги намалат симптомите на различните настинки, но и нивното времетраење.

Една студија вели дека консумирањето киви може да помогне при астма, односно да ги ублажи нејзините непријатни симптоми на тешко дишење, особено кај децата.

[Поврзано: 10 намирници за подобар имунитет!]

Силни коски

Покрај малите количини на калциум и магнезиум, кои се важни минерали за здравјето на коските, кивите се навистина извонреден извор на витамин К, можеби најдобар помеѓу сите овошја.

Витаминот К има повеќе значајни функции во организмот:

  • Учествува во повеќе различни клеточни процеси.
  • Неопходен е за правилното згрутчување на крвта при повреди.
  • Есенцијален е за здравјето на коските. Потребен е за телото да продуцира протеин наречен остеокалцин. Овој протеин учествува во формирањето и одржувањето на здравјето на коските.

Недостатокот од овој витамин води кон зголемен ризик од остеопороза и скршеници. Од друга страна пак, луѓето кои имаат исхрана богата со витаминот К, имаат подобра минерална густина на коските и помал ризик од развој на остеопороза.

Храна погодна за дигестијата, но и за процесот на слабеење

Како нутритивно сконцентрирана храна, кивите содржат висок процент растителни влакна и вода, но имаат и многу мала калориска вредност. Наведените факти ја прават оваа вкусна храна особено погодна за слабеење. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и низа микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекотЕдно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Дополнително, кивите содржат и специфичен протеолитички ензим, наречен актинидин, кој го олеснува дигестирањето на протеините, кое често знае да биде проблем помеѓу широката популација.

Корисно дејство при анемија

Слабокрвноста е доста чест проблем помеѓу населението.

Слабокрвноста или уште наречена и анемија, претставува состојба при која телото нема или не продуцира доволно еритроцити (црвени крвни клетки). Најчестата причина за ваквата состојба е дефицитот на железото.

Кивите содржат мала количина на железо, но можат да помогнат на друг начин. Имено, истражувањата покажуваат дека витаминот Ц може значително да помогне во подобрата апсорпција на железото во организмот.

Така, кога јадете храна богата со железо, добро е да ја комбинирате со храна богата со витаминот Ц, како што се кивите.

Други потенцијални корисни дејства на кивите:

  • Подобар сон – поради содржината на серотонин.• Превенција одкамчиња во бубрезите – поради одличните количества калиум.•Антиканцероген ефект – одредени истражувања покажуваат инхибиторно дејство на некои компоненти на кивите (одредени полисахариди и антиокиданти), во однос на растот на малигните клетки.
  • Антифунгален и антибактериски ефект – ефект кој студиите го утврдуваат кај антиоксидантите на кивите, некои од компонентите најдени во нивното ситно семе, но и протеините од овие овошки, наречени актинхинини. 

Извор:/drmitov.mk/

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *