Исус рекол: Јас ви давам мир, но не како што ви го дава светот….
Ако имаш се, а мир немаш, џабе е…
Мирот е лек за душата, одмор на телото, прибежиште на грижите…
Мирот не можеме да го најдеме во трговски центар, ниту во кафеана…Понекогаш го наоѓаме на прошетка во природа, или на на лицето на бебето кое мирно спие…Но мирот кој Бог ни го дава не ослободува од секоја грижа и несигурност, од секоја тага и болка…
Колку повеќе се приближуваме до Бога, толку помирен живот че имаме…Далеку од проблеми и неволји, далеку од искушенија и грешки…Бог не води и не дозволува да паднеме, а ако паднеме, Тој не подига и ни дава сила да продолжиме понатаму., Тој ни дава сила д аодиме напред и само напред…
Кога Тој е во центарот на нашиот живот и мисли, надежта и верата преовладуваат над неволјите и грижите и мирот царува во нашето срце…бидејќи знаеме дека Тој се грижи за секој детал од нашиот живот…