Не дозволувајте стравот или сомнежот да ве обземе. Сетете се дека Бог се држи под контрола. Препуштете му ги на Бог сите ваши грижи.
Секој е во искушение да се грижи без оглед дали станува збор за семејството, здравјето, финансиите… Реалноста е таква што можеме да контролираме многу малку нешта. Од некоја болест за момент може да заболиме, веќе уште утре можеме да добиеме отказ, што ќе доведе до проблеми со финансиите, немаме духовна моќ да спасиме било кој од семејството. Тоа може само Бог. Исус ни порачува: “Не грижете се за утрешниот ден. Тој сам ќе се погрижи за сé. Доста му е на секој ден неговото зло” (Матеј 6:34).
Грижата не решава апсолутно ништо
Грижата ништо не менува и не решава никакви проблеми. Тaa е само ужасно губење на време. Кога станува збор за верувањето дека Бог се грижи за нас, нé снабдува и ги менува околностите, постои смисла во која сме повикани да препуштиме сé на Бог и да не се грижиме за ништо.
Едноставно мораме сите свои грижи да ги “фрлиме” на Бог, бидејќи Тој се грижи за нас и да му речеме: “Боже немам моќ да управувам или да го организирам мојот живот. Се откажувам од обидот се да разберам и наместо тоа се одлучувам да ти верувам Тебе со сето мое срце”.
Препуштете ги на Бог сите ваши грижи
“За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања” (Филипјаните 4:6).
Со активно, истрајно изнесување на нашите барања пред Бог можеме да ги совладаме тешкотиите. Мораме да трчаме кон Бог, да се молиме и бориме за неговите ветувања. Мораме да се бориме против нашата грешна склоност да се грижиме и да настојуваме да ја умртвиме својата грешна желба за контрола. Мораме да му веруваме на Бог. Оваа молитва може да ни помогне.
Небесен Татко,
Секоја своја грижа ти ја предавам Тебе бидејќи знам дека ти се грижиш за мене и за сите мои потреби. Помогни ми секогаш да се сетам дека се можам да изнесам пред Тебе.
Татко помогни ми секој ден да го прифатам како твој дар. Помогни ми да го следам Твојот пат и да бидам благодарен на она што ми го даваш и да не се грижам за своите потреби. Потсети ме дека мојата улога е да се грижам само за напредокот на Твоето кралство и за оние кои имаат потреба од мојата помош.
Научи ме Татко да не се грижам за нештата што се надвор од мојата контрола. Помогни ми да верувам дека сé во мојот живот се случува со причина. Само Ти знаеш зошто, бидејќи ти правиш сите нешта да содејствуваат за мое добро. Секој детаљ, секое случување е дел од Твојот план да ме обликуваш во личност каква што треба да бидам.
Отстрани го секој страв и сомнеж во мене и исполни ме со Твојот мир. Благодарен сум што секогаш можам да се потпрам на Тебе. Во името на Исус се молам. Амин!