Иако многу плашлива, срната по име Ева морала да дојде до човек и да замоли за помош. Парот кој живее во близина на шумата ја спаси.
Дивите животни не бараат од луѓето често помош. Ако и тоа го направат тогаш станува збор за итни ситуации.
Природата е моќна, но сепак и е потребна помош од време на време. Ви нудиме прекрасна снимка од елен кој силно се поврза со своите човечки соседи.
Бастиан и Марлис Јермутус се пар што живеат во близина на шумата, а кои почнаа да објавуваат снимки на “YouTube” уште од 2007 година. Илјадници претплатници уживаа да гледаат како Бастиан и Марлис го делат својот живот со цело стадо елени.
Беше прашање на време кога ќе им се приближи диво животно
Со оглед на тоа што живеат во природно засолниште на елени во Германија беше само прашање на време кога ќе им се приближи едно од тие диви животни.
И покрај тоа што можат силно да отскокнат кога ќе се уплашат, неколку елени препознаа колку се безопасни Бастиан и Марлис. Малку по малку едно семејство на елени се спријатели со парот, па почнале да ги посетуваат.
Парот ја запозна Ева кога имаше таа само една недела. Мајката на Ева беше многу паметна срна која го посетувала парот секој ден. Така и Ева почнала да се интересира за луѓето кои често ги гледала.
Марлис многу се зближи со Ева, па парот разбра дека Ева разбира неколку англиски и германски зборови кои ги слушала секој ден. Интересно е да се знае дека Марлис Јермутус е многу позната германска уметничка.
Кој со срните не би бил пријател?
Според Марлис, таа пронашла дел од живата природа во дружењето со срните. И тоа не е тешко да се поверува. Кој со нив не би се спријателил?
Еден ден Ева дојде во дворот на овој пар. Беше чудно затоа што Ева никогаш не останувала толку долго.
Исто така нејзините деца не биле со неа. Кога Марлис и пришла на Ева видела големи гребнатинки на грбот на Ева. Можно е да трчала низ шумата и да се изгребала од ниски гранки. Марлис ја прегледала, а освен гребнатините се друго изгледало во ред.
Тогаш Марлис употребила крем, за да и помогни на Ева. Откако ја намачкала со кремата на нејзините рани, Ева беше подобро. Ева во знак на благодарност на Марлис и направи масажа на стапалата.
Парот беше многу среќен затоа што ја спаси Ева од голема неволја и можна инфекција. За среќа Ева знаеше кој ќе и помогни.
За жал Ева почина во 2016 година
Парот објави снимка за смртта на Ева и неколку информации за нејзиниот живот. Марлис изјави дека Ева била прекрасна мајка, која уживала да јади цвеќе и детелина во нивниот двор.
Ева, почивај во мир. Беше вистинска пријателка.
Знаете ли дека во светот постојат над 60 различни видови на елени? Уште поинтересен е фактот дека елените живеат на сите континенти освен на Антарктикот. Елените може да скокаат и до 3 и пол метри во висина и одлично пливаат. Бебето елен почнува да оди половина час по раѓањето. Тоа се навистина неверојатни и прекрасни животни.
Погледнете го видеото и уверете се.